За нас

Кои сме ние

Грбот на Скопската теолошка школа — отворена книга со зборовите „Во почетокот беше Словото“ над Каменот Мост во Скопје

Скопската теолошка школа (СТШ) е истражувачки и теолошки дел од Евангелскиот теолошки институт – Куманово, водена од следната визија, мисија и формат.

Визија, мисија и формат

Визија

Нов бран на водачи кои служат или ќе почнат да служат како водачи на мали групи, ментори, членови и водачи на групи за славење, работници и водачи во специјализирани црковни и пара-црковни организации, евангелизатори, мисионери и пастори — најширок спектар на служење, од лаичко до полновремено.

Мисија

Да подигнеме водачи од нова генерација (под 30 години) и да обезбедиме квалитативен исчекор за водачите постари од 30 години од сите македонски евангелско-протестантски деноминации и локални цркви до 2033 — преку создавање контексти погодни за таа цел, како теолошки програми и предавања, викенд-школи, специјализирани конференции и менторско водство.

Формат

СТШ нуди двегодишна програма со двосеместрални, едносеместрални и конференциско-модуларни предмети и завршен труд. Сите предмети може да се следат во живо или онлајн.

Очекувани резултати

20 водачи со завршено образование до 2026 и 100 водачи со завршено образование до 2034.

Водство

Кој ја води школата

НГ
Раководител на програмата м-р Никола Галевски
ЈЈ
Академски раководител д-р Јован Јоновски
Придружи ни се

Подготвени сте за следниот чекор?

Разгледајте ја двегодишната теолошка програма или пријавете се за академската 2026/27 година.