м-р Никола Галевски
пастор • теолог • мисиолог • уметник
Пастор, теолог и мисиолог од Скопје. Основач на Евангелската црква „Соулкрафт“, предава Нов Завет, мисија и евангелизација во Македонија, на Балканот, во Европа и Северна Америка.
Роден и живее во Скопје, Македонија. Откако во средно училиште станува следбеник на Христос, служи во повеќе црковни сегменти — музичко славење, работа со студенти, мисиска работа во Битола со сопругата Анет, како и основање на Евангелската црква „Соулкрафт“. Предава во Скопје, во Македонија, на Балканот, во Европа и Северна Америка во областите Нов Завет, мисија, уметност и евангелизација. Татко е на Жизел-Мариа Галевска; неговата сопруга Анет-Мариа Галевска замина при Бога, во Царството Небесно, во 2021 година.